860 тестирања, 78 нови корона позитивни, 4 починати, 40 оздравени

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19, четворица починати и 40 оздравени пациенти.

Новозаразените се регистрирани во Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3 и во Неготино-2.

„Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во болнички, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1, Кичево-9“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995.