Џонсон бара родителите да ги пуштат децата на училиште

Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите да ги испратат своите деца на училиште во септември, објаснувајќи дека тоа ќе биде клучниот чекор во закрепнување на земјата и нејзината економија од ефектите од пандемијата со Ковид-19.

„Ништо нема да има поголем ефект врз животните шанси на нашите деца, отколку да се вратат на училиште. Ризикот за заразување на децата со Ковид-19 во училиште е многу мал и многу е штетно за нивниот развој и здравје да не одат на настава“, рече Џонсон и додаде дека е „клучно децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со другарите“.