Сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степен. УВ индексот ќе изнесува 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.