Пакистан ја отвори границата со Авганистан

Граничниот премин Чаман.

Пакистан повторно го отвори преминот Чаман на границата со Авганистан. Преминот ги поврзува пакистанската провинција Балочистан и авганистанската провинција Нангархар.

Граничниот премин беше затворен во март, по појавата на коронавирусот во Пакистан. Властите во Пакистан денеска соопштија дека решиле да го отворат преминот по разговорите со регионалните власти во Балочистан и жителите од пакистанската страна на границата.

Во прекуграничен оган од Пакистан убиени 15 цивили во Авганистан

Локалните жители долго време бараа властите да го отворат преминот, кој најмногу го користат трговците и работниците. На 31 јули за време на протестот на кој се бараше повторно отворање на границата, загинаа шест луѓе, откако протестот се претвори во насилство. Пакистан и Авганистан ги двои граница долга 2430 километри. авганистанско-пакистанска граница е создадена во 1893 година