Туризмот го зголеми бројот на новозаразени со ковид-19 во Хрватска

Луѓе на плажа во близина на Риека, Хрватска.

Во Хрватска повторно е забележан раст на бројот на новозаразени со коронавирус.

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 265 заразени и еден смртен случај од ковид-19.

Штабот за цивилна заштита на Хрватска денеска на прес-конференција соопшти дека во моментов има 1.842 активни случаи.

СЗО: Балканот е ново жариште на Ковид-19

Министерот за здравство Вили Берош изјави дека денешниот број на заразени лица е без екстремни отстапувања од претходните денови.

„ Тоа е последица на тоа што Хрватска беше отворена за туризам“, оцени хрватскиот министер.