Во карантин полицајци и уапсени лица од атинска полициска станица

Илустрација: Полиција во Грција

Во 14-дневен карантин се шест полицајци и сите уапсени лица кои биле во притвор во атинската полициска станица „Омонија“, откако се утврдило дека еден уапсен Албанец, кој требало да биде депортиран од Грција, е позитивен на коронавирусот, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, уапсениот утрово имал покачена температура, бил пренесен во болница и тестиран за ковид-19, а по позитивниот резултат во карантин се сите шест полицајци кои биле во контакт со него, како и останатите уапсени во полициската станица.