1653 тестирани, 118 нови ковид позитивни, 127 оздравени и 3 починати

Илустрација - Медицинска екипа доставува примероци за тестирање за Ковид-19 во лабораторијата на МАНУ во Скопје

Во изминатото деноноќие регистрирани се 118 нови случаи на ковид во Македонија од спроведени 1653 тестирања, а починале тројца пациенти и оздравеле 127, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се регистрирани во Скопје - 55, Куманово - 12, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-1, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1 и во Кичево-4.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-11, Штип-11, Струга-37, Велес-3, Битола-6, Охрид-13, Кавадарци-11, Гостивар-1, Демир Хисар-3, Виница-4, Кичево-5. Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.