Советот за безбедност го осуди пучот во Мали

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди бунтот во Мали и ги повика војниците вклучени во пучот веднаш да ги ослободат сите заробени владини службеници и без одлагање да се вратат во нивните касарни.

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита, беше соборен во пучот во кој учествуваше војската. Бунтовниците ветија дека ќе одржат избори во разумен рок и започнаа разговори со истакнати политички лидери во земјата, пренесуваат британските медиуми.