Талибанци убиле најмалку 17 авганистански војници

Илустрација - Авганистанските безбедносни сила на вежба

Најмалку 13 припадници на провладините безбедносни сили беа убиени во северната авганистанска провинција Тахар, соопштија денеска локалните власти, јави германската новинска агенција ДПА.

Четворица други се повредени за време на двочасовните ноќни судири во квартот Кваја Бахудин, изјави полициски службеник. Друг безбедносен извор соопшти дека еден војник бил убиен, а двајца се ранети кога отишле да ги поддржат милициските сили кои нападнати.

Авганистанската разузнавачка агенција ги поддржува провладините локални милициски сили, познати како „Јавни востанички сили” во оддалечените области низ целата земја кои се борат против Талибанците.