Во САД и Бразил и натаму расте бројот на заразени од ковид-19

Бразил - илустрација

Во САД и Бразил продолжува да расте бројот на заразени од коронавирус со по десетици илјади дневно, Во овие земји дневната стапка на смртност останува над 1.000. Бразил вчера пријави повеќе од 47.000 нови случаи на коронавирус и повеќе од 1.200 смртни случаи од ковид-19, болест предизвикана од вирусот, додека Соединетите држави пријавија повеќе од 44.000 нови случаи и повеќе од 1.300 смртни случаи.

Албанија со нов рекорд на заболени од ковид19-158 во последните 24 часа

Во САД досега се регистрирани 173,000 смртни случаи меѓу 5,5 милиони потврдени случаи. Во Бразил се регистрирани 3,4 милиони случаи, а бројот на загинатите се искачи на скоро 110.000. Индија е на третото место со 2,7 милиони заразени и скоро 53.000 смртни случаи, додека Русија е на четвртото со 935.000 случаи и скоро 16.000 смртни случаи.