Политичари, пари и унгарски сос

МАКЕДОНИЈА - Антикорупциската комисија потврди дека отворила предмет за случајот со министерката за финансии Нина Ангеловска за да испита дали има судир на интереси во врска со нејзиното повлекување на парите кои ги имала во Еуростандард банка, пред таа да биде ставена во стечај.

БЕЛОРУСИЈА - Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека нема да има нови претседателски избори во таа држава.

НОВ ЗЕЛАНД - Нов Зеланд одлучи да ги одложи парламентарните избори за еден месец откако во земјата се појавија нови случаи на коронавирус, објави во денеска новозеландската премиерка Џасинда Ардерн.

БЕЛГИЈА / ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Во Брисел почна седмиот круг разговори меѓу Европската унија и Велика Британија за нивните идни односи и ќе траат до 21 август, до кога мора да се решат преостанатите нерешени прашања што ги спречуваат страните да постигнат конечен договор.

СОМАЛИЈА - Најмалку 17 лица загинаа, а десетици се повредени во напад на екстремисти на Ел Шабаб врз хотел во Могадишу, Сомалија, јави Ројтерс. Престрелката меѓу напаѓачите и полицијата траеше четири часа.

РУСИЈА - Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му кажал на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека Русија е подготвена да и помогне на Белорусија во согласност со колективниот воен пакт доколку е потребно. Во соопштението исто така се вели дека врз Белорусија се врши притисок од надвор, но без да се наведува на кого се мисли.

Women wearing face masks against the coronavirus walk past United Arab Emirates and Israeli flags at the Peace Bridge in Netanya, Israel, Sunday, Aug. 16, 2020.

ГЕРМАНИЈА - Една од најпознатите германски прехранбени компании Кнор објави дека ќе го промени името на својот популарен сос заради расна конотација. Кнор ќе го смени името на неговиот сос Цигојнерсос (Цигански сос) во Сос од пиперка на унгарски начин, објави германскиот весник Билд ам Зонтаг. Бидејќи името цигански сос може да се толкува негативно, решивме да му дадеме на нашиот сор ново име, соопштија од групата Унилевер, која е сопственик на Кнор.