Лукашенко: Нема да има нови избори

Лукашено за време на денешната посета на фабрика за земјоделски машни во Минск

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека нема да има нови претседателски избори во таа држава, јави Ројтерс.

„Вие нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, бидејќи во тој случај, нема да има фабрики, нема плантажи. Се ќе биде уништено за половина година“, рече Лукашенко, за време на денешната посета на фабрика за земјоделски машни во Минск.

Во меѓувреме, продолжуваат протестите во Белорусија, на кои демонстрантите го обвинуваат Лукашенко за местење на претседателски избори на 9 август. Во протестите се повредени поголем број демонстранти, неколку илјади се приведени, а има и најмалку 2 жртви.