Нов Зеланд ги одложи изборите поради Ковид-19

Илустрација - Новозеланѓани чекаат во ред за влез во маркет.

Нов Зеланд одлучи да ги одложи парламентарните избори за еден месец откако во земјата се појавија нови случаи на коронавирус, објави во денеска новозеландската премиерка Џасинда Ардерн.

Изборите беа закажани за 19 септември, а со оваа одлука се одложени за на 17 октомври, јави Ројтерс.

„Оваа одлука на сите партии им дава време да водат кампања во текот на следните девет недели и на изборната комисија ѝ дава доволно време да се осигура дека изборите можат да се одржат“, рече премиерката на прес-конференција.

Одлуката за датумот на изборите е исклучиво во доменот на премиерката, но таа ги консултираше и другите политички лидери за нивното мислење.