ЕУ ја повика Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ја повика Анкара „веднаш“ да ги прекине своите истражувања за наоѓалишта на природен гас во Медитеранот, откако Турција објави проширување на своите активности. Соопштението на Анкара „за жал ги зголемува тензиите и несигурноста“, нагласува Борел во изјавата. „Поради тензиите во источниот Медитеран, објавата ги поткопува напорите за продолжување на дијалогот и преговорите и е спротивна на смирување на ситуацијата, што е единствениот пат до стабилност и трајни решенија“, како што повторија министрите за надворешни работи на ЕУ во петокот на виртуелната средба.

Ердоган ја обвини Грција за тензиите во Медитеранот

Борел ги повикува турските власти веднаш да престанат со активности и со добра волја и целосно да се вклучат во широк дијалог со ЕУ. Турција вчера соопшти дека ќе ги продолжи пребарувањата за наоѓалишта за гас во спорната зона во источниот Медитеран.