Ковид19 на Балканот- во Србија 238 нови случаи, во Бугарија 174

Медицински работник со заболен од коронавирус во болница во Србија

Во соседна Србија во последните 24 часа се регистрирани 238 новозаболени, починаа пет лица, со што вкупниот број заболени од почетокот на епидемијата досега изнесува 29 471, а вкупно починаа 670 луѓе.

Во Косово од 421 теста во последните 24 часа регистрирани се 145 нови случаи, а за истиот период починале девет луѓе, со што вкупната бројка досега е 11 275, а бројот на починати е 390. Во Бугарија се регистрирани 174 нови случаи, осум лица починале. Вкупната бројка на заболени кај источниот сосед сега е 14 243, а на починати 492.

Земјите воведуваат нови рестрикции за патувањата поради коронавирусот

Хрватска денеска регистрира 162 новозаболени со коронавирусот и двајца починати, што е помала бројка од претходните два дена, 180 во четвртокот и 208 во петокот. Со ова вкупната бројка на заболени од почетокот на пандемијата досега се искачи на 6420, а бројот на починати е 162.