Приведен амбасадорот на Азербејџан во Србија, БиХ и Црна Гора

Елдар Хасанов

Амбасадорот на Азербејџан во Србија, БиХ и Црна Гора, Елдар Хасанов е приведен под сомнение за проневера. Азербејџанската државна служба за безбедност вчера соопшти дека Хасанов е осомничен за проневера од конзулатот на Министерството за надворешни работи.

„Сложените финансиски истраги открија дека амбасадорот на земјата во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, Елдар Хасанов извршил значителни финансиски и други злоупотреби“, се вели во соопштението.

Во изјавата се додава дека дополнителни информации ќе бидат дадени во наредниот период.