Унгарија купува ракети од САД за околу милијарда долари

унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарија потпиша изјава за намера да купи ракети за противвоздушна одбрана од Соединетите држави за околу милијарда долари. Американската амбасада во Будимпешта го опиша договорот како „најголема унгарска набавка во одбраната од САД до денес“. Министерството за одбрана на Унгарија, членка на НАТО, соопшти дека договорот вклучува набавка на ракети воздух-воздух и земја-воздух.

Им го сменија уредникот, вработените во најчитаниот независен портал во Унгарија дадоа отказ

Во минатата година унгарскиот премиер Виктор Орбан ги откри плановите на владата за набавка на американско оружје и додаде дека „во тек е изградба на модерна унгарска армија“. Владата на Орбан ги зголемува годишните трошоци за одбрана од 2015 година, по острите намалувања во годините по светската економска криза во 2008 година. Во 2014 година, членките на НАТО се согласија постепено да ги зголемуваат трошоците за одбрана, така што ќе достигнат ниво од два процента од бруто домашниот производ во секоја земја до 2024 година.