Хрватска со 130, во Србија 254 новозаразени со ковид 19

илустрација

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 130 новозаразени од коронавирус, така што во моментот има 686 активни случаи, вклучително и 35 здравствени работници. Хрватските медиуми јавуваат дека повеќето од новите случаи со вирусот се заразиле во ноќни клубови во Далмација поради што Националниот штаб ги сменил препораките за ноќните клубови, со забелешка дека не треба да работат затворените делови.

Во Србија, пак, во изминатите 24 часа биле тестирани 8.768 лица, а 254 од нив биле позитивни. Регистрирани се и шест смртни случаи како резултат на компликации од Ковид-19. Според податоците на српското министерството за здравство, моментно на респиратор има 87 пациенти. Во однос на вчерашниот ден тоа е намалување за четворица.