Младите Швеѓани независни на 18 години, Македонците на 30

Илустрација

Младите во Северна Македонија и во речиси сите земји во регионот, според податоците на Евростат, го напуштаат домот на своите родители со над 30 години. Покрај Северна Македонија, ова се однесува и на Србија, Црна Гора и Турција, со тоа што младите во оваа земја го напуштаат домот на своите родители на возраст од 27,5 години.

Во Северна Македонија младите стануваат независни на возраст од 31,8 години, во Црна Гора со 33,1, во Србија со 31,1 и во Турција со 27,5 години. За Босна и Херцеговина нема податоци, но се претпоставува дека таа е на ниво на просекот на земјите од Западен Балкан.

Неодамна Радио Слободна Европа, во рамките на серијалот „Слободоумни“ организираше дебата на средношколци на тема: По 18 години со мама и тато или самостојни“.

Според податоците на Евростат, младите најрано го напуштаат домот на своите родители во Шведска, на неполни 18 години возраст, а во Хрватска стануваат независни со наполнети 32 години.