Помпео во Прага на разговори за 5G и обраќање во Сенатот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во Прага, 11.08.2020.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео кој вчера пристигна во Прага со што ја започна петдневна турнеја по Централна Европа денеска ќе се сретне со чешки и американски технолошки компании во врска со улогата на Кина во изградбата на 5G мрежата. Тој потоа ќе има разговори со чешкиот премиер Андреј Бабиш, ќе одржи говор во Чешкиот сенат, а ќе биде примен и од претседателот Милош Земан. Помпео потоа ќе отпатува за Словенија, Австрија и Полска, која едвај чека да биде домаќин на дел од американските трупи што ја напуштаат Германија за да се заштитат од историскиот противник Русија.

САД повлекуваат 12 илјади војници од Германија

Пентагон неодамна изјави дека Соединетите држави ќе донесат во Полска околу 6.400 воени лица од Германија и ќе префрлат скоро 5.600 повеќе кај другите сојузници во НАТО. Сепак, фокусот на турнејата на Помпео ќе биде ставен врз кампањата земјите да ја отфрлат соработката со Хуавеи, кинескиот телекомуникациски гигант за кој Вашингтон смета дека е закана за безбедноста. Помпео вчера беше во Плзењ за да им оддаде почит на американските трупи што го ослободија овој чешки град во 1945 година.