Иран уапси пет свои граѓани со обвинение за шпионажа

Илустрација

Иранските власти денеска соопштија дека во изминатите неколку месеци уапсиле петмина Иранци под обвинение за шпионажа, од кои двајца веќе биле осудени во отсуство за тоа дело.

Уапсените се товарат дека шпионирале во корист на Израел, на Велика Британија и на Германија. Иранските власти наведоа дека двајца од уапсените веќе се осудени на затворски казни.