Ахмети ми кажа дека ќе преговара со Заев, тврди Мицкоски

Архивска фотографија - Христијан Мицкоски, ден по предвремените парламентарни избори 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го информирал дека ќе почне преговори со СДСМ, затоа што таа партија победила во македонскиот блок.

„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба, минатата недела во Собранието, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата која победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека не се согласувам, бидејќи партијата која убедливо победи во македонскиот блок е ВМРО-ДПМНЕ, но во ред, тоа е негово мислење, тоа е човек кој има соодветно искуство на политичката сцена и јас му посакав среќа“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека тие ќе направат коалиција врз основа на програма и не треба да ги оптоваруваат граѓаните. Разговори се водат, рече Мицкоски, и треба да бидеме трпеливи.