Кина воведе санкции за 11 американски државјани

Републиканските сенатори Тед Круз и Марко Рубио, против кого Кина воведе санкции.

Кина денеска воведе санкции за 11 државјани на Соединетите Американски Држави, како одговор на воведените сакции на САД врз 11 официјални претставници од Хонгконг и Кина кои се обвинети дека ги ограничуваат политичките слободи во поранешната британска колонија Хонгконг.

Меѓу оние на кого се однесуваат санкциите се и сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Пет Томеј, како и претставникот Крис Смит, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Како одговор на лошото однесување на Америка, Кина одлучи да наметне санкции врз поединци кои се однесуваа лошо во врска со Хонгконг“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијиан на редовниот брифинг за новинарите во понеделник на 10 август.

Тој не прецизираше што подразбираат санкциите.

Односите на двете земји последните неколку месеци нагло се влошени поради повеќе прашања, од трговијата, па се до Хонгконг и одност на Кина кон кризата на коронавирусот.

Кинеските санкции ротив 11 граѓани на САД се најновите во вкупниот пакет мерки меѓу Кина и САД поради обвинувања за кршење на права.

САД во потокот на 7 август им воведоа санкции на главнта извршна директорка на Хонгконг Кари Лам, како и на сегашниот и поранешниот шеф на градот. Извршниот налог го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп.