Тик-ток, тик-ток...

САД - Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои се забрануваат трансакции со кинеските сопственици на TikTok и WeChat.

МАКЕДОНИЈА - Според резултатите од истражувањето Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на Ковид-19, околу половина од анкетираните родители, директори и наставници сметаат дека треба да се продолжи со наставата во училиште од септември. Околу третина од родителите, директорите и наставниците се за комбиниран пристап во настава на далечина - комбинирање на одделенија или денови во неделата.

ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација апелира за помош од 15 милиони американски долари за покривање на итните здравствени потреби на Либан, по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во услови на економска криза и пораст на случаи со коронавирус.

КОСОВО - По објавата на Самоопределување, најголемата опозициска партија во Косово, дека ќе покрене иницијатива за гласање недоверба на косовската Влада, премиерот Адулах Хоти изјави дека Самоопределување нема доволно гласови за да успее да го собори владиниот кабинет.

ГРЦИЈА - Со чамец, од турското крајбрежје на грчкиот остров Хиос, вчера пристигнале 23 Турци, меѓу кои и деца и побарале политички азил во Грција, објави денеска онлајн изданието на весникот Политис од островот, јави МИА од Атина.

ТУРЦИЈА - Потпишувањето на договорот меѓу Грција и Египет за обележување на нивните ексклузивни зони, за кои Анкара вели дека опфаќа регион на турскиот континентален гребен, ја налути Турција. Како одговор на тоа, Турција издаде соопштение објавено на веб-страницата на Турската морнарица се предупредува дека турските воени бродови ќе изведуваат вежби со пукање во медитеранските води на Турција крај брегот на Анталија на 10-11 август годинава.

СРБИЈА - Американскиот државен секретар Мајк Помпео, во писмо до српскиот колега Ивица Дачиќ оценува дека билатералните односи се карактеризираат со мирољубивост, стабилност и економски просперитет, објави српското Министерство за надворешни работи.

КИПАР - Кипарската полиција, по барање на Интерпол, го пронашла и го сослушала 43-годишниот Русин, поранешен сопственик на бродската компанија, која во Бејрут пренесла амониум нитрат.