Поголем надоместок за избирачките одбори и комисии

Архивска фотографија - Предвремени парламентарни избори 2020 - Втор изборен ден кога гласаа старите и изнемоштените лица

Зголемување на надоместокот за членовите на избирачките одбори на предвремените парламентарни избори за 100 отсто, a oпштинските изборни комисии, ќе добијат за 20 проценти поголем надоместок за успешното организирање на изборите, едногласно изгласа Државната изборна комисија.

По 6.000 денари надомест ќе добијат и здравствените работници кои беа дел од посебните избирачки одбори.

Од ДИК велат дека не станува збор за награда, туку за заслужен надоместок. Членовите се согласни дека ДИК ги заштитила граѓаните и истовремено ги организирала изборите.