МЗ: Починатиот 22-годишен пациент од ковид-19 имал Даунов синдром

Меѓу шесте починати пациенти како последица на ковир-19, во изминатото деноноќие е и пациенит од Скопје на 22 години. Од Министерстово за здравство информираат дека починатиот 22-годишен пациент од ковид-19 имал Даунов синдром.

Од Министерството за здравство за МИА посочуваат дека пациентот во тешка општа состојба бил примен на 16 јули во Градската општа болница „8 Септември“. Од почетокот на пандемијата од ковид 19 починаа 517 заразени.

Нови 113 случаи на коронавирус, шестмина починати

Во изминатото деноноќие се регистирани нови 113 случаи на коронавирус во Македонија. Направени биле 1543 тестирања.