Елсан Нурчески в.д. градоначалник на Општина Пласница

Елсан Нурчески в.д. градоначалник на Општина Пласница

Елсан Нурчески, досегашен член на Советот на Општина Пласница, ќе ја врши должноста градоначалник во наредниот период, откако досегашниот градоначалник Исмаил Јаоски беше избран за пратеник од редовите на ДУИ.

„Функцијата ќе ја извршувам чесно, одговорно, транспарентно и компетентно во согласност со Уставот, законите, статутот на Општината, подзаконските акти и меѓународни договори“, рече Нурчески.

Тој посочи дека е отворен за соработка со сите правни субјекти, физички субјекти, домашни и меѓународни организации и институции.

Согласно законот за локална самоуправа функцијата член на советот ќе му биде во мирување се додека ја врши должноста градоначалник на Општина Пласница.