Голем моторџиски собир во Дакота во ек на пандемија

Илустрација

Повеќе од 250 илјади луѓе се очекува да присуствуваат на годишниот моторџиски собир во Јужна Дакота, во време кога во САД не стивнува ширењето на коронавирусот. Настанот треба да се одржи од 7-ми до 16-ти август и претставува прв толку масовен собир од појавата на пандемијата. Според истражувањето пред настанаот, околу 60 проценти од локалното население смета дека овој собир треба да се одржи и покрај пандемијата затоа што носи голем финансиски прилив.

Седумдневниот просек на новизаболени од Ковид 19 во САД е двојно поголен во однос на истиот период минатиот месец. Во изминатава недела 18 држави од САД поставија рекорди во најголемо дневно евидентирање на нови случаи на заболени од ковид-19.