Регистрирани 390 прекршоци за неносење заштитна маска

Илустрација - Луѓе со заштитни маски на Камени мост во Скопје

За неносење лична заштита на лице се регистрирани 390 прекршоци во текот на изминатото деноноќие (3-4.август) на територијата на целата држава, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со КОВИД-19.