Мостови, жртви и претседатели

МАКЕДОНИЈА - Поранешни вработени во СЈО денеска преку соопштение реагираат на говорот на претседателот Стево Пендаровски по повод чествувањето на Илинден од меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери кој неодамна беше хоспитализиран, ќе ја води конститутивната седница.

МАКЕДОНИЈА - Дебар е одличен пример за верска толеранција и тој пример треба да биде применет и во други градови во нашава земја. Оваа порака денеска од седиштето на Дебарското муфтиштвo ја упатија отец Миле Ангеловски и дебарскиот муфтија Решат Качалнику на Бајрамската средба.

МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со ковид-19. Најмногу нови случаи има во Гостивар, односно 22 заразени, потоа во Скопје 14, Штип 13, Куманово 8, како и 4 во Виница, по 3 случаи во Кавадарци, Берово и Свети Николе, 2 во Кичево и по еден случај во Струга и Кочани.

ШВАЈЦАРИЈА - Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус порача денеска дека државите треба строго да ги спроведуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот како што се носење маски, миење на рацете, тестирање и физичка дистанца.

АВГАНИСТАН - Авганистанските власти соопштија дека 29 лица се убиени по бомбашкиот напад и престрелката во големиот затвор во источната провинција Нангархар, каде безбедносните сили продолжуваат со потрагата по дополнителни осомничени. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, кој започна синоќа, а продолжи и денеска и во кој, наводно, учествуваат најмалку осум вооружени лица.

МАКЕДОНИЈА - Италијанските власти во Џенова го пуштија во употреба новиот мост откако стариот се урна во 2018 година при што во инцидентот загинаа 43 лица. Претседателот Серхио Матарела ја предводеше церемонија за отворање на футуристички дел од автопатот по трагедијата на мостот Моранди кога десетици возила завршија во реката и нејзиниот брег. Мостот ќе биде отворен за сообраќај на 4 или 5 август, соопштија официјалните лица.

СРБИЈА - Со полагање на заклетва на пратениците денеска во Белград е конституиран новиот српски Парламент. Со седницата претседаваше најстарата пратеничка Смилја Тишма која претходно констатираше дека комисијата за верификација направила извештај за спроведените избори и дека се исполнети условите за потврдување на мандатите на сите пратеници.Заседанието се одржа со мерки за заштита од епидемијата на коронавирус.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осудениот за убиство на три лица за време на нападите на маратонот во Бостон во 2013 година заслужува смртна казна. Апелациониот суд во Бостон на 31 јули ја укина смртната казна за Џокар Царнаев, натурализиран американски државјанин со потекло од Чеченија која заедно со неговиот брат го изврши бомбашкиот напад во кој беа повредени стотици лица.

ВЕЛИКА ВРИТАНИЈА - Поранешен британски пратеник на владејачката Конзервативна партија e уапсен откако негова поранешна соработничка во Парламентот го обвини за силување и сексуален напад додека биле во врска.