Активисти го блокираа пристапот на камионите со отпад до Русино

Регионална депонија Русино во полошкиот регион.

Триесетина активисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ и граѓани од околните населби денеска го блокираа пристапот на камионите кои носат отпад на регионалната депонија. Тие со жив штит застанаа локалниот пат од Дона Бањица кон месноста Русино и најавија дека блокадата ќе трае наредните десеттина дена.

Активистите по поставувањето на блокадата ги истакнаа и барањата кои доколку се исполнат ќе ги прекинат блокадите. Засега е неизвесно каде ќе се транспортираат околу 40 тони комунален отпад од гостиварската општина.

Тие имаат три барања: Да се запре горењето на ѓубриштето Русино кое сè уште гори, тлее и чади; да се стават камери и обезбедување со што ќе се спречат или идентификуваат подметнувачи на пожарите и општината да побара помош до надлежните институции за санација и затворање на ѓубриштето Русино и одредување нова локација и изградба на регионална депонија согласно ЕУ стандардите.

Според него, блокадата на камионите со комунален смет може да предизвика проблеми, со оглед дека се работи за количина од околу 40 тони колку се собираат на дневно ниво. Неподигањето на сметот во летниот период претставува и дополнителн ризик по здравјето на луѓето.

Првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари кажа дека локалната власт веќе презела чекори.

„ По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад“, рече Таравари.

Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија.