Празници и политичари

МАКЕДОНИЈА - Цената на струјата што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат евтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

МАКЕДОНИЈА - Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, критикувајќи го актуелниот партиски лидер, Христијан Мицкоски, најави преземање на партијата.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19, 534 оздравени пациенти и шестмина починати.

САД - Републиканците и демократите во американскиот Конгресбрзо го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за можмо одлагање на претседателските избори на 3 ноември поради стравувања дека гласањето по пошта ќе резултира со измама и неточни резултати.

САУДИСКА АРАБИЈА - Верниците од исламска вероисповед го славеа празникот Курбан бајрам. На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.

СРБИЈА - Специјалниот суд во Белград го осуди денеска на вкупна казна од девет години затвор балканскиот наркобос Дарко Шариќ како организатор на криминална група, која „испрала“ повеќе од 20 милиони евра од шверц на кокаин. Освен него уште 16 луѓе се обвинети во случајот за перење пари од шверц на дрога.

АВГАНИСТАН - Најмалку 15 авганистански цивили се убиени денеска во прекугранично гранатирање од страна на Пакистан. Таквиот потег го натера Кабул да ги стави во состојба на приправност своите копнени и воздушни сили.