Двајца пациенти ќе добијат бубрег од починат донор, срцето нема да биде трансплантирано

Двајца пациенти добија бубрег од починат донор. Кадаверичната трансплантација е изведена утрово на Клиниката за урологија. Пациентите добија бубрег од46-годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт, информира Министерството за здравство.

Во моментов, како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. Филипче рече дека овојпат немало соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано.

Донирањето органи може да продолжи нечиј живот

Од Министерството информираат дека ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив донор годинава.

На 23 мај од починат донор се трансплантираа срце и бубрези. Претходно имаше уште четири трансплантации на бубрези од жив донор. Во период кога здравствениот систем е под притисок на пациенти со ковид-19, Програмата за трансплантација продолжува да се реализира, соопшти Министерството за здравство.