За денеска најавени нови цени на струјата и парното

Рударско индустриски комбинат во Битола (РЕК), најголем производител на струја во Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), според најавите, денеска треба да донесе одлуки за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година. Пред десетина дена, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со ковид-19.

Сметките за парно и струја на рати и без камати за погодените граѓани

Одлуката за цената за струјата требаше да биде донесена на крајот на минатиот месец и да важи од 1 август, но поради предвремените парламентарни избори нејзиното носење е одложено за денеска, а цената ќе важи од 1 септември. За парното греење во Скопје се очекуваат пониски цени.