ВМРО-ДПМНЕ почна со најавените кадровски промени

Илустрација - Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Со распишување на два јавни повика, ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со кадровски промени.

„Почнуваме со кадровско освежување и катарза најавено од претседателот проф. Д-р. Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани“, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги повикуваат сите членови кои ги исполнуваат условите да аплицираат и најавуваат, како што велат, нови освежувања во партијата.