ОЈО: Одземена тендерска документација за софтверот во ДИК

Илустрација - Седница на Државната изборна комисија за време на предвремените парламентарни избори 2020

Основното јавно обвинителство за организиран криминал, по допрен глас, денеска влезе во Државната изборна комисија (ДИК) за да утврди дали има кривично дело при спроведување на тендерот за набавка на софтверот на оваа институција, потврдиле за МИА од Обвинителство.

Оттаму не прецизирале дали обвинителите сè уште се просториите на ДИК, туку само изјавиле дека при овој претрес е одземена тендерската документација за да се утврди дали се почитувани законските постапки.

На предвремените парламентарни избори на 15 јули, ДИК не беше во можност електронски да ги соопшти резултатите од изборните единици. Причината, како што информираа оттаму, беше хакерски упад на интернет страницата на ДИК, кој траеше и неколку дена после изборите.