Мицкоски до Холштајн: Немавме фер избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средба со германската амбасадорка во земјава, Енке Холштајн, рекол дека „изборите не можат да се оценат за фер и демократски, бидејќи, како што истакнал, власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласање“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски, како што соопшти Центарот за комункации на партијата, посочил дека, врз основа на добиената доверба од граѓаните, неговата партија и коалиција прават напори за формирање ново парламентарно мнозинство за да формираат Влада.

„Владата на СДСМ не е способна да испорача резултати кои би биле препознаени од стратешките партнери од Унијата“, посочил Мицкоски на средбата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.