Намалени тензиите меѓу Грција и Турција во источен Медитеран

турскиот истражувачки брод "Јавуз"

Турција го намали бројот на бродовите во источен Медитеран, област каде што Анкара најави дека ќе бара нафта и гас. Тензиите околу долготрајниот спор избувнаа во минатата недела кога Турција објави дека планира да испрати истражувачки брод јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастолеризо. Иницијативата на Турција беше критикувана од Соединетите држави, Франција и другите европски земји, а турскиот истражувачки брод остана прикотвен на пристаништето во Анталија.

Турција испраќа бродови во потрага по нафта и гас, грчката армија во готовност

Грчката влада објави дека Турција ги повлекува бродовите од источниот Медитеран, додавајќи дека Атина останала подготвена за преговори со Турција „во рамките на почитувањето на меѓународното право и добрососедските односи“. Турција ја обвини Грција дека се обидува да ја исклучи од експлоатација на минерали во источниот Медитеран. Атина смета дека ваквиот став на Турција е кршење на меѓународното право.