Странците најмногу се жалеле од јавната хигиена и од патиштата

Патиштата и јавната хигиена со најниска оценка од странските туристи во 2019 година.

Хигиената на јавните места добиле најниска оценка од посетителите на земјава, анкетирани на граничните премини, а заедно со неа со најниска оценка за 2019 година е и патната мрежа. Највисока оценка посетителите дале за однесувањето на луѓето, објави Државниот завод за статистика.

Според Заводот, просечната оценка за услугите што странските посетители ја кажале на граничните премини во 2019 година е 4,16.

Однесувањето на луѓето го оцениле со 4,53, археолошките и историски ресурси 4,51, природната средина 4,41, рестораните 4,37, аеродромските услуги 4,32, забавата и ноќниот живот добиле оценка 4,25, безбедноста и здравствените услуги добиле оценка 4,19, хигиената на јавните места 3,71 и патната мрежа 3,64.

Најголемиот дел од оние што се регистрирани во земјава на граничните премини транзитирале, односно 44,4 отсто, 36 процени престојувале во земјава, а 19,6 отсто оствариле еднодневна посета.