За 24 часа регистрирани 359 прекршоци за неносење маска

Илустрација - Луѓе со маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со целсправување со Ковид -19.