Нови 123 заболени со ковид-19, починаа три лица

Архивска фотографија- тестирање за ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19. По градови во Скопје-54, Штип-18, Гостивар-16, Струга шест, Куманово и Тетово по пет, Дебар и Кичево четири нови случаи, Охрид тројца, Битола и Свети Николе по двајца, Прилеп, Крушево Демир Хисар и Ресен по еден нов случај.

Починати се три лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079. Досега се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19, а денеска нема тестирања во рамките на скринингот, информираа од Министерството за здравство.