Дипломати, вируси и нафта

САД - Претседателот на САД Доналд Трамп, на неговиот прв брифинг во Белата куќа за пандемијата од април, предупреди дека во Соединетите држави пандемијата на коронавирус ќе се влоши, пред да започнат работите да се подобруваат.

МАКЕДОНИЈА - Управниот суд денеска информираше дека политичката партија Левица денеска во Управниот суд поднела 102 тужби за заштита на избирачкото прво на подносителите на листите. Претходно Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесоа 75 тужби, а партијата Интергра една тужба.

ФРАНЦИЈА - Запленети се 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверц на нелегална храна и пијалаци во десетици земји, соопшти денеска Интерпол, пренесе АФП.

ГРЦИЈА - МВР соопшти дека Грција ги затвора граничните премини за влез од Македонија, преку Меџитлија и Стар Дојран, според новите протоколи на грчката влада за заострување на рестриктивните мерки поради ковид-19.

ЦРНА ГОРА - Црногорското Национално координативно тело за заразни болести повторно одлучи да прогласи епидемија на коронавирус на терирорија на целата држава. Од денеска воведени се неколку нови привремени мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата, а во исто време, во некои општини каде е намален епидемиолошкиот ризик, мерките ќе бидат ублажени.

ТУРЦИЈА - Турција објави распоредување на бродови за пребарување на нафта и гас во спорната област на источниот Медитеран. Тоа ги зголеми тензиите со соседна Грција.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека институцијата Висок претставник на меѓународната заедница во БиХ треба да биде укината што е можно поскоро и тоа со одземање на неговиот мандат.

ДАНСКА - Државниот секретар на САД Мајк Помпео на денешната средба со данската премиерка Мете Фредериксен во Копенхаген разговараше за гасоводот Северен тек 2, кој Русија сака да го заврши, и преку кој би се транспортирал гас до Европа под Балтичкото Море.