СЗО загрижена поради епидемиолошката состојба на Балканот

Мајк Рајан, шефот на секторот за вонредни ситуации при Светската здравствена организација (СЗО), денеска изјави дека епидемиолошката состојба и трендовите со коронавирусот кои владеат на југот на Европа и на Балканот се загрижувачки.

Рајан, во интервју за ирското радио „Њузток“, рече дека „иако земјите од Западна Европа успеаја да ја стават под контрола епидемијата, се појавија загрижувачки трендови во јужна Европа и на Балканот“, јави Ројтерс.

Според него, епидемиолошката состојба бара продолжена будност и претпазливост.