Конститутивна седница на парламентот на Хрватска

Андреј Пленковиќ

Во Хрватска ќе биде конституиран 10. парламентарен состав од независноста на земјата. Седницата ќе се одржи 17 денови по изборите, со посебни епидемиолошки мерки. Саборот до крајот на неделава треба да ја потврди новата хрватска влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе има 16 наместо досегашните 20 ресори.

Пленковиќ обезбеди мнозинство за формирање влада

На изборите на 6 јули во Хрватска победи владејачката партија Хрватска демократска заедница на актуелниот премиер Пленковиќ, а на второ место е нејзиниот најголем ривал, коалицијата Рестарт, предводена од Социјалдемократската партија.