Долниот дома на руската Дума (Парламент) го одобри конечниот нацрт закон со кој се овозможува гласањето за време на изборите да трае три дена. Законот го поддржаа 344 пратеници, а 51 беа против.
Одлуката дали гласањето ќе трае повеќе дена треба да ја донесат надлежните за изборни дејствија.
Организациите за човекови права во Русија остро го критикуваа предлог-законот за повеќедневно гласање, велејќи дека на тој начин носителите на моќ ќе имаат повеќе контрола над изборите и повеќе можности да си ги остварат своите цели.
Повеќедневното гласање во Русија беше користено и на референдумот за уставните амандмани, кога се гласаше од 25 јунидо 1 јули.
Предлог-законот мора да биде одобрен од Горниот дом на Парламентот, Советот на Федерацијата, а потоа да го потпише и претседателот на државата Владимир Путин за да може и официјално да биде закон.
Доколку се прифати законот, претстојните парламентарни избори во септември може да се одржат според новиот формат.