Нови 96 случаи на ковид-19, 10 починати во последните 24 часа

илустрација

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-24, Куманово-6, Штип-24, Прилеп-1, Тетово-7, Струга-9, Битола-1, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-3, Крива Паланка-1, Радовиш-5, Кочани-2, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент. Во изминатото деноноќие починале 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.