Пожар во катедралата Св. Петар и Св. Павле во Нант

Француски пожарникари го гасат пожарот во катедралата Св. Петар и Св. Павле во Нант.

Пожарникарите објавија дека е под контрола пожарот кој избувнал денеска во катедралата Св. Петар и Св. Павле во западниот француски град Нант.

Пожарот, кој ја зафати катедралата од 15-от век лоцирана во историскиот дел во центарот на градот, избувнал утринава, а причината засега сѐ уште е нејасна, јавува АП цитирајќи неидентификуван градски службеник.

Од пожарот бил скршен главниот витраж на катедралата, која исто така беше оштетена од голем пожар додека траело нејзиното реновирање во 1972 година.

Во 2019 година во Париз од пожар беше скоро уништена катедралата Нотр Дам.