Времето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Илустративна фотографија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд со над 20 литри на метар квадратен, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Темепературата на воздухот значително ќе се намали особено на северот. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 13 до 20, а максималната ќе достигне 21 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 23 степени.