Трет ден по ред бројот на новозоболени во Бугарија е над 200

Архивска фотографија- тим бугарски лекари облечени во заштитни одела

Во последното деноноќие во Бугарија се потврдени 267 новозаразени од коронавирус, а како што се јавува, направени се рекорден број тестови-6526. Вчера бројот на новозаразни беше 232, а во средата 234 лица. Со ова вкупниот број на досега заболени во земјата изнесува 8144. Во последните 24 часа починале четири лица, со што вкупниот број на починати достигна 28 луѓе.