Во Србија 392 новозаразени со ковид-19, во Хрватска 98

Србија- пункт за тестирање за ковид-19

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани 392 новозаболени со коронавирус, а десет лица починале со што вкупната бројка на починати во таа земја од почетокот на епидемијата досега се искачи на 452 лица.
Како што соопшти министерот за здравство Златибор Лончар најкритична е ситуацијата во Белград и во Нови Сад каде што очекуваат бројот на заболени деновиве да расте. Вкупно од почетокот на епидемијата досега во Србија се регистрирани 20 109 заболени со коронавирусот.

Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 98 новозаболени со што вкупниот број од почетокот на епидемијата досега изнесува 4137 инфицирани. Во последните три дена нема починати, така што бројот на жртвите од коронавирусот останува на 120 лица.

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 информираат од Министерството за здравство. Од Министерството информираа и дека се починати пет лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, а на починати е 406.